Д-р Бабачиќ: Неетички е јавно да се жигосуваат позитивните на Ковид-19

Доктор Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторант на медицинскиот универзитет Каролинска во Стокхолм, Шведска, смета дека објавувањето на резултатите од ПЦР тестовите на веб страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во службен весник, нема да направи никакво добро и дека претставува штетна пракса која е неетичка.

-Таман мислев дека владата ја напуштила оваа некорисна идеја, кога, оп, еве нова влада со истата идеја. Објавување на резултати од испитувања на граѓани и пациенти јавно на веб сајт, уште па со адреса на живеење, е неприфатливо за било која област па и за оваа. Неетички е и нема да има корист од тоа. Исходот од оваа одлука ќе биде јавно жигосување, огромна стигма и дополнително одвраќање на граѓаните да се тестираат. Доколку Државниот здравствен и санитарен инспекторат имал проблем со доставување на решенијата за изолација во печатена форма, тоа можеле многу лесно да го решат со софтверско решение каде корисникот на безбеден сајт ќе се логира со корисничко име и лозинка за да го добие резултатот и решението автоматски а приватноста притоа да му е заштитена. Се надевам дека оваа влада ќе се вразуми и ќе ја повлече одлуката, вели доктор Бабачиќ за Слободен печат