Цветно Скопје со 300.000 цвеќиња

Деновиве, во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ работат на промена на летниот цветен расад со зимски – сезонски цветен расад, од видот: хризантема, декоративна украсна зелка, виола и бела рада.

– Со ова садење ќе се опфати уредување на цветните леи и фигури низ јавните зелени површини, парковите и булеварското зеленило, во кои ќе се засадат околу 300.000 цвеќиња. Ова се дел од планираните тековните активности на екипите за одржување и уредување на градското зеленило – соопштија од „Паркови и зеленило“.