Цветен фестивал викендов во Скопје (ФОТО)

Во паркот Македонија во Скопје викендов по четврти пат се одржува Скопскиот цветен фестивал, каде посетители ќе имаат можност да купат цвеќе и цветни аранжмани и да добијат корисни совети.

Љубителите на цвеќето, природата и уредувањето на просторот денеска и утре ќе можат да уживаат во изложбени цветни градини на професионалци и ученици, дизајнирање цветни површини, креативни работилници и уметничко катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси и вежбање на отворено.

Фестивалот, кој се одржува под мотото „Скопје е љубов, љубов е цвет“ го отворија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ.

- Скопскиот цветен фестивал е традиционална градска манифестација која го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено. Годинава ќе се претстават дваесетина изложувачи на цвеќе и саден материјал, а ќе можете да се вклучите и во интерактивните работилници, да ја покажете својата умешност во ракувањето со цвеќето, да се советувате, да научите нешто ново, да си купите цвеќе и да ги доукрасите своите тераси и градини со ново зеленило, да се дружите со своите пријатели и да поминете пријатни мигови со своите најблиски, изјави Трајановски.

Посочи дека Градот Скопје во изминативе неколку години многу вложува во разубавување на јавните површини со цвеќе и со зеленило и дека се засадени повеќе од 256.000 садници, а со цвеќе и цветни фигури се украсени многубројни јавни површини.

На фестивалот учествуваат голем број изложувачи, меѓу кои „Флораком“, „Green planet“, „Хорти експерт“, „Пинар С“, „Хорти дизајн“, „Китка“, „Биро проект“, цвеќарниците „Дамбо“ и „Жереми Про“, „Хербалајзер“, „Кактус гарден“, „Indoor garden“, „Фоја“, Шумарскиот факултет, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Здравко Цветковски“, ДСУ „Лазар Личеноски“ и „Аквамонт“.

 

air max 90 essential sale