Цвета сивата економија во угостителството - 30 илјади работници работат на црно

Официјално во секторот се вработени околу 16000 луѓе. Непријавени работат уште околу 30.000. Освен сивата економија, секторот се соочува со уште еден голем проблем. Нема обучени работници.

Квалификуваните заминаа од државата, најчесто работат на брод  затоа што платите во секторот се многу под државниот просек и изнесуваат околу 15.000 денари.

Серизен проблем е и категоризацијата на хотелите и другите сместкувачки капацитети. За разлика од светот каде ѕвезди дава здружение на хотелиери, во земјава тоа го прави Комосија при Министертсвто за економија. Се случува и по 5 години да нема никакви инветсиции во објектите, а ѕвездите да останат.

За подобрување на состојбите во секторот, Комората бара субвенции и за хотелиерите како за туроператорите како и реформи во образованието за стручните училишта да почнат да обзбедуваат квалиттен кадар.