„Цвета“ бизнисот за производство на струја од соларни панели, РКЕ лани издала 299 лиценци

Бизнисот за производство на струја од обновливи извори буквално „цвета“ во Македонија. Ланската година Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори - Сонце, со вкупно инсталирана моќност од близу 330 MW.

„Трета година по ред како инвестициите во обновливи извори на енергија не губат на темпо. Само во 2024 година приватната иницијатива реализраше енергетски инвестиции кои по вкупната моќност се нешто повеќе од еден блок од РЕК Битола. Иако станува збор за различен тип на енергија, едната е од обновливи извори и карактеристично е што е достапна кога има услови (сонце, ветер, вода), а другата е базна енергија, сепак овие бројки се значајни кога ќе се погледне големата сликата. Со инвестицискиот циклус кој е во континуитет три години (2022,2023 и 2024 година) достигнат е инсталиран капацитет од близу 880 MW, а резултат е зголемено домашно производство на струја, еднаква за задоволување на потребите на семејствата од Скопје, Гостивар, Велес, Битола, Дојран, Свети Никола, Охрид и Струмица или вкупно 285 илјади домаќинства“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Во 2022 година издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 152,2 MW, додека во 2023 година со 399 MW, што пак влијаеше нето увозот на струја од претходните 30 % да се намали на рекордно историско ниво од 2,75 %