ЦУКС: Поради сообраќајка, отежнат сообраќајот на булевар 8-ми септември

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека на крстосницата помеѓу булеварот Илинден и улицата Никола Тесла, во крајната лева сообраќајна лента во насока на движење од крстосницата со булевар 8-ми септември кон крстосницата со улица Френклин Рузвелт во непосредна близина на СУГС Орце Николов или поранешна Амбасада на САД , се случи сообраќајна незгода.

Сообраќајот на овој потег се одвива отежнато, па оттука ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека на сите сообраќајници и булевари, сообраќајот се одвива непречено и без застој, а поголем број возила се забележуваат , долж булеварот Александар Македонски во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, долж булеварот Киро Глигоров во двете насоки на движење, но поголем прилив секако е регистриран од булевар Србија кон населба Автокоманда, долж булеварот Кузман Јосифовски Питу во насока на движење од Аеродром кон Центар, како и долж булеварот и мостот Гоце Делчев во двете насоки на движење, но повеќе од крстосницата со булевар Крсте Мисирков кон крстосницата со булеварите ВМРО и Илинден, долж улицата 11 октомври во двете насоки на движење со тоа што поголем прилив се забележува од булевар Борис Трајковски во Кисела Вода кон Центар, како и долж улицата Свети Кирил и Методиј во насока на движење кон булеварите Мајка Тереза и Митрополит Теодосиј Гологанов. Известувањето за состојбата во сообраќајот важи за 8:10 часот на ден 05.09.2018.