ЦУК регистирал 4 пожари на отворено во текот на вчерашниот ден

Центарот за управување со кризи извести дека во текот на изминатото деноноќие на ниво на цела држава имало четири пожари од кои сите се изгаснати.Интервенирале пожарникарите од Скопје, Битола, Струмица и од Тетово, гаснејќи депонии, ѓубришта, мешана шума и ниска вегетација.

На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1 752 повици, од нив „реални“ повици биле 61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 64,74 отсто, кон итната медицинска помош 23,99 отсто, кон пожарникарите 1,73 отсто, а кон АМСМ 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од ЈПКР „Услуга“- Берово информирале дека водата од водоснабдителниот систем во Општина Берово од 12 ноември 2024 година се уште е забранета за пиење и готвење, заради зголемено присуство на манган.

Од ЦУК информираат дека жичницата на Водно во последното деноноќие не работела поради врнежи од дожд и силен ветер. Јачината на ветерот ги надминала дозволените граници за функционирање непречено и безбедно. Кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, ќе продолжела со непречено превезување на патниците.