“Црвенкапа” и “Цветната улица” се претставите кои најмладите викендов ќе можат да ги погледнат во Театарот за деца и младинци. Претставата “Црвенкапа” е на репертоарот утре (24 февруари) во 19 часот.

Ова е уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот. Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа…

Преставата “Цветната улица” е на репертоарот на 25 февруари (12.30 часот). Финансирана е од страна на ЕУ Инфо Центарот во Скопје. Врз основа на брошурите за подигање на еколошката свест кај најмладите, кои Европската Унија ги има публикувано, ангажиран беше комплетен авторски тим кој овие брошури ги претвори во впечатлива еко-претстава за најмалите деца.

Режисерката Наташа Поплавска создавајќи актерска екипа, која како спој на искуство и младост, ја оформи приказната за девојчето Флора, дојдено како принцеза од еден егзотичен прекуокеански остров…