Црвениот крст прави изложба за поддршка на мигрантите

Вечерва во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата на фотографии направени на нашата јужна граница. Црвениот Крст на Македонија ја организира оваа изложба со цел да му го долови на обичниот човек секојдневието на оние кои пеш ја минуваат оваа земја со цел да стигнат некаде во западните земји бегајќи од војна.

Фотографиите се сведоштва на тешкотиите низ кои минуваат овие луѓе. Изложбата има за цел да ја подигне свеста и да ги предочи хуманитарните потреби на овие луѓе.