„Црвена јабука“ вo сабота во Градски парк

Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ в сабота со почеток во 22 часот ќе одржи концерт на Школка во Градски парк во рамки на манифестацијата „Самерленд“, која ќе трае до 28 јули.

Вечерва, од 19:30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци. Од 21, The music room ќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.

Во сабота преку ден е предвидена детска програма. Од 17, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче.

Вечерта од 22, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена Јабука“.

Во недела на Школка од 19 часот децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена ќе настапи рокенрол бендот- Културно Уметнички Работници.