Црвен крст на град Скопје организира голем хепенинг и дружење со децата и згрижувачите

Црвен крст на град Скопје денеска во Зоолошката градина во Скопје организира настан за одбележување на Светскиот ден на згрижувачи - 1 Јуни, со цел да се подигне  јавната свест за формата згрижување како позитивен пример во општеството.

Црвен крст на град Скопје соопшти дека во соработка со Центарот за поддршка на згрижувачи,  подджани од Комерцијална банка, имплементираат годишна програма за социјализација на деца и млади со попреченост, како и деца сместени во згрижувачки семејства. Од оваа година соработката продолжува и со СОС Детско село.

-Целта на соработката се подобрени услови за живот на децата сместени во згрижувачки семејства. Како дел од овие активности е и одбележување на 1 Јуни - Светскиот ден на згрижувачи, кој традиционално го одбележуваме со голем хепенинг и дружење со децата и згрижувачите, информира организаторот на настанот