Црногорец уапсен на „Табановце“ - „Безбеден град“ го снимил како вози со многу поголема брзина од дозволената

Вчера во 14:25 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(34) од Црна Гора.

Од МВР информираат дека Црногорецот бил уапсен откако при проверка на патничко возило „бмв“ со црногорски национални ознаки, кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, претходно на автопатот Скопје – ГП Табановце, кај клучка Дељадровци, управувал со возилото со брзина од 185 километри на час на место каде максимално дозволената брзина 100 километри на час.

Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.