„Црниот петок“ носи попусти до 70 отсто во книжарниците „Литература.мк“

Бестселери, книги и сликовници за деца, едукативни комплети, макети како и голем избор на чанти, несесери, ранци, дуксери, куфери или паричници од реномирани светски брендови. Ова се дел од производите кои по повод „Црниот петок“ ќе бидат намалени до 70 отсто во книжарниците „Литература.мк“. Со цел да се избегнат турканиците и да бидат испочитувани правилата за дистанцирање, попустите траат цела недела, од 23 до 29 ноември, и сите заинтересирани ќе можат, пред сè, да ја збогатат нивната библиотека со атрактивни и интересни изданија. Намалувањата на цените на книгите важат во сите книжарници „Литература.мк“ низ земјава додека во суперпродавницата лоцирана во трговскиот центар „Скопје сити мол“ ќе може да се најдат и други производи на попуст.

Акцијата важи за сите книжарници во земјава лоцирани на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, во „Веро центар“, во Градскиот трговски центар во Скопје, ТЦ „Буњаковец“, суперпродавницата во „Скопје сити мол“ и на „Широк сокак“ во Битола. Автобиографиите на Мишел Обама и на Новак Ѓоковиќ, „Кери“ и „Тркачот“ од Стивен Кинг, „Танц околу сонцето“ од Ведрана Рудан, „Скоро Парижанка“ од Јана Мишо, „Приказната за Ербиенби“ од Ли Галагер се само дел од популарните изданија кои се на попуст. Во понудата за деца се наоѓаат популарни книги и сликовници меѓу кои и „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов, „Патека од кикиритки“ од Ана Аврамоска-Сиљаноска, „Дедо мраз кај Матеј и Луна“ од Билјана С. Црвенковска, „Фантастичниот господин Лисец“ од Роалд Дал, „Робинсон Крусо“ од Даниел Дефо, петте дела „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ и многу други.

Од друга страна, само во суперпродавницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Скопје сити мол“ ќе може да се најдат и разни други производи по намалени цени, на пример едукативни комплети од брендот „4М“, макети од „Италери“ како и голем избор на чанти, несесери, ранци, дуксери, куфери, паричници итн.

„Црниот петок“ е денот по прославата на Денот на благодарноста (Thanksgiving )во САД и е неформалното име за денот што следува по еден од најголемите празници таму. Ова е неформален празник што го означува почетокот на празничната шопинг сезона. На овој ден, продавачите во Америка ги отвораат своите продавници многу рано и нудат различни промоции (најчесто големи попусти) на своите производи.