Црна хроника: Скопјанец извадил пиштол во ресторан, жена нападната и ограбена на Илинденска

47-годишниот С.Р. од Скопје во ресторан во Дебреште прилепско направил вистинска драма. Додека Б.М. седел со пријателите В.Б. А.Б. Д.Ж. и Е.И. дошол насилникот кој бил пијан и започнал расправија, по што се разбеснил и од својот автомобил извадил пиштол, го репетирал и го вперил кај присутните заканувајќи им се дека ќе ги убие.

За среќа бил спречен од Б.М. во намерата.

Вчера десетина минути пред 21 часот на булеварот Илинден во Скопје, 57-годишната скопјанка Д.И. преживеала ужас кога насилник и се доближил, ја турнал на земја, ја удрил во пределот на грбот и ја украл ташната во која имала мобилен, клучеви, паричник со 500 денари и документи.

Полицијата трага по насилникот.