Црна хроника низ Скопје: За два дена пронајдени три безживотни тела

Низа немили настани со трагични последици деновиве во главниот град. За само неколку дена, во полицијата, се пријавени неколку смртни случаи. 

Имено, вчера беше известено за 59-годишен маж од Скопје пронајден починат на автобуска постојка во Кисела Вода.  

Вчера попладне е извлечено тело од реката Вардар во скопски Аеродром. Засега не е позната причината за трагедијата.

Од СВР Скопје со детали за несреќата:

- Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија вчера од полицијата.

Ден претходно, безживотно тело на маж беше пронајдено во скопски Аеродром