Црна Гора од 1 јуни ги отвора границите, но не за Македонија затоа што има голем процент на заболени од Ковид-19

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, денеска доцна попладне најави дека неговата земја ќе ги отвори своите граници со државите што ги исполнуваат критериумите на Институтот за јавно здравје во првите денови од јуни.

На прес-конференцијата во Подгорица, Марковиќ рече дека критериум би биле најмногу 25 заболени на 100.000 жители.

Тој најави дека Црна Гора ќе ги отвори своите границипрво со Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Албанија и Грција на 1 јуни.

„Ние ќе ги отвориме границите кон земјите кои имаат сличен епидемиолошки статус. Нема да бараме посебни тестови, сите ќе добијат јасни упатства за тоа што ги чека во земјата и какви прописи мора да почитуваат“, рече премиерот на Црна Гора.

Марковиќ посочи дека Црна Гора ја доби битката со коронавирусот и стана првата земја во Европа.без ниту еден заболен.

Планот е да се отворат градинките и кината наредната недела и да се дозволат јавни собири на одреден број на луѓе на почетокот на јуни.