Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за македонските државјани

Милојко Спајиќ, министерот за финансии и социјала на Црна Гора објави дека неговата земја ги укинува ПЦР тестовите за македонските државјани.

Покрај Македонија, Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите и за државјани на Русија, Белорусија и Украина.

– Драго ми што можам да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и ПЦР-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, објави Спаиќ на руски јазик на Твитер.

Најверојатно во деновите кои следат точно ќе се знае конкретниот датум.