Црн густ чад ги алармираше скопјани за запалена депонија на Вардариште

Вчера доцна попладне дел од жителите на Гази Баба, Лисиче и Аеродром алармираа на неподносливата смрдеа на чад. 

-Гори депонија на Вардарише од страната на Гази Баба, рекоа дел од жителите кои споделија фотографии од запалената депонија и чадот кој оддалеку беше видлив. 

-Единствен спас е дисплокација на Вардариште, велат жителите кои редовно ги вдишуваат канероцените честички. 

-Молевме граѓани да не поддржат на протести со цел да го решиме проблемот со Вардарише, буквално молевме. Но, на повеќето им беше важно да си седат дома, само десетина блокиравме улици за да се среди проблемот со еден од најголемите загадувачи на почвата, водата и воздухот, забелжува еден граѓанин.