Некои го сакаат топол, некој пак изладен, но многу различни култури би се сложиле: црниот чај е одличен. Од церемониите во Кина, до навиките на Британците, овој чај е дел од секојдневието на многу луѓе.

Црниот чај нуди голем број на бенефити за нашето здравје, тело, но и ум.

Разлики меѓу црниот и зелениот чај

Зелениот и црниот чај доаѓаат од истите билки: Camellia sinensis assamica and Camellia sinensis sinensis. Но, тие се преработуваат на различен начин, што придонесува за различната боја и вкус.

Затоа, можеби ќе се запрашате кои се разликите меѓу зелениот и црниот чај. Зелениот е направен од неоксидирани ливчиња, додека пак црниот чај е целосно оксидиран. Од тука доаѓа и бојата, зелениот добива зелена или златна боја. Додека пак, процесот на оксидизација го прави црниот чај да има потемна боја. Затоа, тој во Кина се нарекува и црвен чај.

Црниот чај содржи 25-48 мг кофеин по шолја, додека пак зелениот содржи 25-29 мг. Овие чаеви имаат значително помалку кофеин од кафето, односно 95-165 мг по шолја кафе.

 Бенефити од црниот чај

1) Богат е со антиоксиданти (полифеноли, катекини, теафлавини) – овие антиоксиданти придонесуваат за намалување на знаците од стареење и болестите предизвикани со крвта. Исто така, го намалуваат и ризикот од одредени видови рак.

2) Ве држи будни и свесни – поради количеството на кофеин и теофилин, кои имаат сличен стимулативен ефект, овој чај може да ви помогне да останете будни и свесни и со бистар ум, во текот на денот.

3) Добар е за забите – се додека не го пиете премногу засладен, тој е одличен за вашите заби. Ги уништува бактериите кои предизвикуваат кариес.

4) Одличен е за кардиоваскуларното здравје – една шолја црн чај дневно може да ви помогне да ги намали главоболките, да го намали холестеролот и да го регулира крвниот притисок. Исто така, придонесува за одзатнување на артериите.

4) Добар е за дигестивното здравје – за разлика од кафето, тој има смирувачки ефект на дигестивниот систем. Танините во црниот чај, придонесуваат за смирување на дигестивниот систем, подобрување на метаболизмот и се одлични кога имате дијареа.