Црн чад од дивата населба покрај кејот ги труе скопјани

Сѐ уште се шират облаци од чад со непријатна миризба од дивата населба на левата страна на Кејот на Вардар, спроти поранешната градска плажа.

Чадот што придонесува да се зголеми присуството на ПМ 10 честичките во воздухот сѐ уште му пречи на месното население што живее во делот на Момин Поток, веднаш под живеалиштето на поглаварот на МПЦ. Од непријатната миризба во тој дел на кејот не можат да шетаат граѓаните, ниту, пак, да се рекреираат или спортуваат оние што навикнале да го прават тоа покрај Вардар. 

Извор: Нова Македонија