Цреши - слатко овошје кое го подобрува сонот, ја подига енергијата и го забавува стареењето

Ова е период на црешите, а постојат многу причини зошто треба почесто да го конзумираме ова слатко овошје.

Уште старите Римјани верувале дека плодовите ја подигаат енергијата и даваат сила. Богати се со тиамин, рибофлавин и витамин б6 а се витални и за метаболизмот и претворање на хранливите состојки во енергија.

Ова се неколку причини зошто треба почесто да јадеме цреши.

Во нивниот плод има 10% вода, целулоза, пектин, органски киселини, витамин Ц, Б и каротен

Тие се богати со калиум, а не толку богати со натриум па поволно делуваат на излачувањето вода од организмот. Тие имаат ниска калорична, а висока енергетска вредност, па така се погодни за ужинка или замена за оброк.

Штитат од слободни радикали, кои се поврзуваат со бројни дегенеративни болести како Паркинсова болест, артеросклероза и го забавуваат процесот на стареење

Истражувањата покажуваат дека 20 цреши се поефикасни од еден аспирин, а се сметаат и за одлична помош за здравјето на коските.

Низок гликемиски индекс, тие се добри за дијабетичарите

Содржат и малку калории и се на трето место од сите овошја во однос на намалувањето на лошиот холестерол во крвта. Го намалуваат и и ризикот од срцев и мозочен удар, а се корисни и за превенција на карцином на дебелото црево.

Флавоноидите во нив ги ублажуваат симптомите на алергија и астма, а го јакнат и колагенот кој е важен за здравјето на кожата и коските

Едно од истражувањата покажуваат дека 3 дл сок од цреши, два пати дневно ги ублажува болките во мускулите по трчањето и помага за олеснување на воспалителните состојби по телесната активност.

Тие се храна за мозокот, одлични се за намалување на физичката и умствената исцрпеност и го подобруваат расположението

Раздразливост, нервоза, немирен сон и несоница се често последица не дисбалансот во хормоните, голем стрес и нездрави животни навики. За превенција и решавање на овие проблеми, одлично природно решение е мелатонинот кој е присутен во црешите.