Јавноста од вчера гласно „бруи“ за најавата од премиерот Христијан Мицкоски дека можно е да се воведе данок за немажените и нежентите.
Македонците, во свој стил, досетливи на темава. Понекогаш е полесно кога ќе се насмееме на маката, велат дел од граѓаните!
Ова се најдосетливите коментари на темава:
- Најубаво е да биде мерката данок само за немажени жени и девојки. Па после да видиме кој кого ќе бира и на seen ќе остава!
Телефоните на матичарите збеснаа од повици за слободни термини за венчавање, рестораните немаат термини до декември, моментално настана општ хаос во државата, соседи со соседки се договараат за свадба. Од утре ќе се бараат и жени од Албанија ако воопшто остана некоја бидејќи сите им ги зедовме. (Во овој момент напишаното е наша измислица - но не е далеку од реалноста).
Данок што не сме мажени си плаќаме во Германија чуди ме од каде идејата кај нас да се донесе тоа
— Ид Нина (@ID__Nina) July 5, 2025
Цреша се од корен корнеше, ќерка се од данок делеше.
— Skopskiot (@Skopskiot) July 5, 2025
Kоја ќе живее без свекрва-дупли данок!
— Neo (@NeoMatrix_Xi) July 5, 2025