Comodita Home се проширува – отвора нова продавница во Чаир

Големиот синџир продавници за производи во домот Comodita Home се проширува. Во среда (24 април) Comodita Home ја отвора седмата продавница во Македонија во населбата Чаир во Скопје. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман производи. 

Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 4.229 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, сет чаршафи, сет прекривачи за кревет, сет бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст. Новата колекција на додатоци ќе го осветли и разубави секое катче од домот. 

За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, Comodita Home ја враќа понудата на дел од асротиманот „Купи еден производ и земи еден бесплатно“ – можност за сите потрошувачи на Comodita Home да добијат два од нивните омилени производа по цена на еден! 

Но, тоа нема да биде се. Дојдете на 24 април и откријте ги сите изненадувања и понуди на големото отворање на продавницата Comodita Home во Чаир.