Comodita Home донираше душеци на Детска Клиника Козле! Со ова почнува хуманата мисија на Comodita Home под слоганот „Секој сон е важен“ во вредност од над 100 000 евра!

Со донацијата на Детска Клиника Козле, Comodita Home ја започнува својата хумана акција на донации на над 1500 душеци, а донацијата е во вредност од над 100 000 евра!

Comodita Home е на пазарот на Македонија од 2019 година, а наскоро го отвораме дваесеттиот продажен салон. Посебна гордост на брендот се токму душеците кои се сопствено производство на Comodita Home. Фабриката за производство на душеци на Comodita Home, е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот.

Со оглед на тоа дека располагаме со душеци, тестирани и сертифицирани од виско-стручни лаборатории, знаеме колку е важен добриот сон и дека тоа го заслужува секој од нас. Лицата со здравствени проблеми, возрасните граѓани, дечињата без родители, лица од социјално загрозените категории, но и сите останати, заслужуваат поддршка во остварување на нивните соништа, и секако убав и спокоен одмор. Токму под слоганот „Секој сон е важен“, Comodita Home ќе помага секаде каде што сме потребни.

„Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. Во план ни е да донираме над 1500 душеци во Детска клиника Козле, Кардиологија, Ковид центри низ МК, Геријатрија, СОС детско село, а оваа наша донација е со финансиска вредност од над 100 000 евра. Во соработка со Општините директно ќе ги помагаме и најзагрозените семејства. Донациите ќе се одвиваат на две недели, а по оваа денешна донација, ја најавувам како веќе потврдена и донацијата на  Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Со овој наш потег се радуваме дека ќе помогнеме на нашите сограѓани, а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на делување и своите можности. “-истакна на конференцијата за печат Харитон Гаџоски.