Цитати за пријателството

Пријателствата се едни од најважните врски кои луѓето ги градат во текот на животот. Понекогаш опстојуваат, понекогаш животот ги бутка луѓето во различни насоки. Сепак многу е важно човекот да ги има вистинските пријатели во животот и со нив да гради преубави спомени.

За денес имаме неколку интересни цитати за пријателството! Споделете некоја мисла со вашите пријатели, направете им го денот!

- „Да наздравиме за ноќите кои се претворија во утра поминати со пријателите кои ни беа се на светот.“

- „Најмногу ќе ги паметиме луѓето кои не’ сакаа и кога не бевме баш за сакање.“

- „Најдобри другари се оние кои твоите проблеми ги гледаат како свои, само за да не треба сам да проаѓаш низ нив.“

- „Право пријателство не значи дека треба да бидете неразделни, туку дека можете и со години да бидете разделени, а сепак ништо да не се промени.“

- „Како што растеме, така сфаќаме дека не е важно колку пријатели имаме, туку кои се вистинските.“

- „Пријателството не се врти околу тоа кој најдолго го знаеш, туку околу тоа кој влегол во твојот живот, ти рекол дека ќе биде тука за тебе и навистина го докажал тоа.“

- „Не ги запознаваме луѓето случајно. Секој од нив влегува во нашиот живот сосема случајно.“

- „Секој човек има различен пријател во различен период од животот. Среќни се оние кои го имале истиот пријател во сите периоди од животот.“

- „Не е важно што имаме во животот, туку кого имаме во животот.“