Цинк - клучен минерал за имунитетот во време на пандемија

Цинкот е еден од петте најважни минерали за човечкото тело, покрај железото, калциумот, магнезиумот и калиумот.

Придонесува за когнитивните способности и му помага на телото во производството на важен хормон за тироидната жлезда – Т3. Цинкот придонесува и за подобро функционирање на имунолошкиот систем, но и побрзо заздравување на раните и обновување на ткивата.

Иако телото не бара големи количини цинк, може да се случи дефицит затоа што човечкото тело нема способност да складира резервни количини од овој минерал, што значи дека е важно редовно да го внесувате преку храна.

Недостатокот на цинк може да се манифестира во форма на акни, егзема, сув првут, бел слој на површината на јазикот,респираторни и гастроинтестинални проблеми, губење на апетит, летаргија, бавно заздравување на раните...

Лекарите и нутриционситите се едногласни дека цинкот најмногу го има о темнозелениот зеленчук, но и во различни видови житарици, јајца, мешунки, семиња, школки и алги... Интересно е да знаете дека и темното чоколадо е богато со цинк.