Цинк и селен – чувари на нашиот имунитет за време на пандемијата со коронавирусот

Ова е период во кој е важно да се зајакне имунолошкиот систем. 

Најдобриот начин да се заштити телото од настинки и вирусни инфекции е преку редовното конзумирање здрава храна која е богата со витамини и минерали, доволно сон, како и физичка активност.

Цинкот и селенот се моќни чувари на нашиот имунитет, особено во текот на зимата.

Цинкот е олигоминерал кој го штити нашето тело од вирусни инфекции. Има значајна улога во јакнење на имунитетот, а може да помогне и во намалување на зачестеноста на инфекциите, како и нивното траење. Недостатокот од цинк придонесува до застој  во развојот, намален апетит, бавно зараснување рани, како и склоност кон инфекции. 

Цинкот можете да го најдете во житариците, спанаќот, семките, пивскиот квасец, сојата, јаткастите плодови, авокадото, бананата, јагодите, краставицата, лукот, грашокот, доматите, како и какаото.

Селенот е клучна хранлива состојка за имунолошката функција, а претставува и антиоксидант кој го чува телото од бактерии и вируси. Селенот може да се најде во рибата и морските плодови, пилешкото место, оревите, бразилскиот орев, лукот, семките од сончоглед, јајцата и пченицата.