Циклус филмови во Кинотека на Македонија

На програмата за март во Кинотека на Македонија предвидени се три филмски циклуси  “Денови на женски права”, “Прозорец кон италијанскиот филм” и  “Француски кино клуб”.

На 4 март публиката ќе може да го погледне романскиот филм“Богатство” на Корнелиу Прумбоју, добитник на награда за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал. Ќе биде одбележан Денот на жената, 8 март, со настанот насловен како Денови на женски права.

Од серијалот документарни филмови прв ќе биде прикажан , на 7 март е “Слободниот глас на Египет- Навал ал Садави ”, на 8 март следат проекциите “Танџер Гол”, “Да си ја знаеш слободата”, а на 10 март на програмата е полскиот “Солидарност од женски аспект”. На 11 март “Аристофан од Днопоље”, а циклусот завршува на 12 март со “Бог не работи во недела”.

На 14 март  “Златно момче ”, драма со Шерон Стоун во главната улога, а ревијата од седум филмови ќе ја затвори “Патувањето наречено љубов” на Микеле Плачидо , филм на љубовите за поетесата Сибила Алермо.

На 22 и 23 март е планирам докумантарецот “Разделба” на Карин Екберг.