Чувствителните луѓе се ангели со скршени крила кои летаат само кога се сакани

Чувствителните луѓе се најавтентичните и најчесните луѓе кои некогаш ќе ги сретнете.

Не постои ништо што нема да ви кажат за себе, особено ако веруваат во вашата добрина.

Меѓутоа, во моментот кога ќе ги предадете, отфрлите или понижите, тие ќе го прекинат пријателството.

Тие живеат со чувството на вина и постојаната болка околу нерешените ситуации и недоразбирања.

Тие се измачени души кои не се во состојба да живеат ако некого мразат или ако некој ги мрази нив.

На овие луѓе најмногу им е потребна љубов, затоа што ова се души кои постојано биле повредувани од другите.

Меѓутоа и покрај трагедиите низ кои мораат да пројдат во животот, тие и понатаму се најмилостливите луѓе кои вреди да ги познавате и кои често им помагаат и на другите со скршени срца, заборавените и несфатените.

Тие се ангели со скршени крила кои летаат само кога се сакани.