Чуварите на Скопје

Уште две лица деновиве се искасани од кучиња скитници во Скопје.

Фото: Вечер

Б.В.(41) вчера околу 16,40 часот пријавил дека на 01.02.2018 година околу 21,15 часот на улицата „Димитрија Чуповски“ нејзината 15 годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата дланка.

Исто така, вчера во 21,30 часот Т.Т.(23) пријавил дека истиот ден околу 15,20 часот на булеварот „ВМРО“ бил нападнат од неколку кучиња-скитници од кои едно го каснало за левата нога во пределот на подколеницата.

Откако ќе ве касне кучето евентуално може да ви ветат дека ќе го фатат животното или да ве поучат дека треба да внимавате каде се движите.Минатиот месец има 7 регистрирани напади од кучиња. А се сеќавате ли кога пред четириесетина дена имаше неколку пострашни случаи на напади од кучиња во Скопје, и тоа во низа, што рекоа градоначалниците – овој проблем ќе го решиме. Делуваа сериозно и решително.

Инаку, експертите предупредуваат дека при гризнувањето од кое било животно, најдобро е раната да ја прегледа доктор дури и во случај кога мислите дека се работи само за гребнатина.

При гризнувањето важно е да се провери статусот на вакцина против тетанус, бидејќи во спротивно може да се развие тешка инфекција која бара интензивно лекување. Докторите проценуваат дали е потребна вакцинација против беснило.

Стручните лица предупредуваат дека не треба да се потценуваат гризнатините кои изгледаат како површински повреди. Тешко може да се процени оштетувањето на ткивото без медицинско знаење.

new nike air max 2019