
Балканската музичка ѕвезда Теа Таировиќ е докажана миленичка на македонската публика. Таировиќ викендов, по трет пат годинава, ја наполни арената „Борис Трајковски“.
Како што и најавија организаторите, скопските фанови на Теа уживаа во спектакуларен концерт со врвна продукција, импресивна сценографија, танчери, специјално осмислени кореографии, костими и светлосни ефекти, со еден збор во вистинска концертна магија.
Моментот за кој посебно се говореше е мигот кога таа запеа песна од нашиот неповторлив Тоше Проески и се расплака.
Таировиќ се расплака на концертот во Скопје пеејќи песна од Тоше, па гласно порача: Чувајте се и чувајте ми ја Македонија.