Чувајте го животот, затоа што овие моменти никогаш повеќе нема да ви се вратат

Чувајте го животот, затоа што овие моменти никогаш повеќе нема да ви се вратат. Не мора да влегувате во секоја битка, не мора да секое лонче да ставате капаче, тргнете се од работите кои не ве засегаат и ќе видите како можете поубаво да го живеете животот. Сѐ е многу поедноставно доколку во себе сте ги подредиле приоритетите и ако знаете зошто живеете и што очекувате од себеси. Доколку не знаете зошто живеете, ќе се фаќате на многу потпирачи за на крајот да сфатите дека воопшто не ви помогнале. 

Заборавете на трчањето, убавината на денешниот ден е прескапоцена за само да протрчате покрај неа во потрага по нешто сосема друго. Сѐ она за коешто сега трчате е замислено или наскоро ќе исчезне. Не дозволувајте минатото да ви одвлекува многу внимание, затоа што ако еднаш се залепите за него, многу тешко ќе го оттргнете срцето од тоа. Бидете храбри и живајте го животот кој сега го имате, не очекувајте чуда од некого во иднината. 

Бидете на страната на луѓето кои не прават поделби, кои немаат предрасуди кон луѓето различни од нив, туку на страната на луѓето кои знаат дека на овој свет има само една поделба: на луѓе и на нелуѓе. Бидете на страната на оние кои не ги затвораат очите пред туѓата неволја и секогаш искрено го кажуваат она што го мислат и го мислат она што го кажуваат. Бидете на страната на луѓето со кои не морате многу да внимавате што кажувате, затоа што нивните дела кажуваат многу повеќе од нивните зборови. 

Чувајте го животот, затоа што овие моменти кои сега ги имате вредат повеќе отколку сѐ што имате на сметката во банка и сите останати материјални работи кои еден ден кога ќе заминете нема да можете да ги понесете со себе. Можноста да дишете, чувствувате, сакате, создавате, живеете не е нешто што се подразбира, затоа што некои би дале сѐ само за да го почувствуваат повторно тоа. Бидете благодарни и научете дека сѐ што имате е подарок кој треба да го чувате.