Чувајте ги луѓето кои ги сакате, немојте да ги изгубите поради евтини работи

Чувајте ги луѓето кои ги сакате, немојте да ги изгубите поради евтини работи. Немојте утре да се каете заради еден неразумен хит, погрешно протолкувани зборови или некое површно чувство кое не можете да го разберете. Чувајте ги луѓето што ги сакате како што би се чувале себеси. Бидете љубезни, отворени и искрени со нив, не се преправајте дека сте нешто што не сте, не си додавајте некоја замислена големина, не давајте ветувања кои нема да ги исполните. 

Чувајте ги луѓето кои ги сакате, не треба ви многу искуство да сфатите дека сите не заслужуваат да влезат во вашиот живот. Поголемиот дел од нив ќе ве исцедат, сакаат само да го земат она што може да го искористат и да си заминат. Немојте во таквите да вложувате многу чувства, бидејќи многу ќе ве боли кога таквите минливи луѓе ќе си заминат. Секој човек со насмевка на лицето не е човек со добри намери, има многу глумци кои продаваат некои работи и ќе ви треба време за да откриете за што се работи. 

Чувајте ги луѓето кои ги сакате, кои со насмевка ќе ги покријат вашите солзи и ќе ви покажат дека постои надеж наспроти сè. Луѓе кои се празник за душата и кои делуваат како најдобар лек, луѓе со кои тишината е толку гласна и кои нема да ве остават кога ќе ви биде најтешко. Чувајте ги луѓето кои се борат за вас и кога никој не е на ваша страна, луѓе кои не се расфрлаат со големи зборови за пријателство, но затоа секогаш покажуваат дека можете да се потпрете на нив. 

Чувајте ги тие драги и добри луѓе како најголемо богаство, затоа што еднаш кога ќе ги изгубите, ништо нема да може да ја надомести таа празнина. Други луѓе нема да можат да го заземат нивното место, затоа што нивната вредност останува незаменлива. Времето ќе покаже кои се тие луѓе, а кои се само глумци. Животните тешкотии ќе ги направат работите појасни и ќе ги наместат коцките. Да ја прокоцкате таа можност значи да го прокоцкате животот. Бидете мудри, животот не дава втори шанси.