Чувај ја девојката која те сака со цело срце и душа, затоа што со неа, целиот твој свет ќе биде посветол и посреќен. Таа нема да го скрши твоето срце, затоа немој и ти да го кршиш нејзиното.

Затоа што без оглед на тоа што ќе ти приреди животот, таа ќе биде покрај тебе. Чекор по чекор, таа ќе биде до тебе. Таа нема да дозволи сам да поминуваш низ најтешките времиња.

Дури и во твоите најмрачни денови, таа нема да дозволи да ја отфрлиш и да ја оттуркаш од себе. Таа ќе се бори со цела своја душа за да не се случи тоа. Дури и во времињата кога мислиш дека океј ти е и да си сам, таа ќе се погрижи да бидеш гордо исправен и да не паднеш.

Ти секогаш ќе бидеш нејзин приоритет. Таа секогаш ќе се грижи за твојата среќа. Се ќе направи за да се чувствуваш добро. Ти ќе бидеш првото нешто на коешто помислува наутро и последното нешто на коешто ќе помисли пред да заспие. Ти ја правиш среќна и таа ќе ги чува сите убави спомени од вас двајца.

Таа ќе знае колку вредиш дури и кога ти самиот се сомневаш во тоа. Таа никогаш нема да мисли дека е подобра од тебе и никогаш нема да се однесува со тебе како да не вредиш. Дури и кога ќе мислиш дека не ја заслужуваш, таа ќе ја гледа твојата вредност.

Таа е секогаш заштитнички настроена кон луѓето што ги сака. Таа секогаш ќе ти го чува грбот и ќе те штити од лошо. Таа никогаш нема да дозволи некој да те повреди.

Таа ќе направи се само за да те насмее. Ако може да ти ја даде месечината, би го направила тоа.

Никогаш нема да се чувствуваш толку безбедно како кога си со неа. Таа ќе ти докаже дека луѓето остануваат и таа нема да те напушти.

Таа ќе ти биде најголемата поддршка. Ќе ги поддржува сите твои соништа и ќе биде твој столб и кога ти е добро и кога ти е лошо.

Никој нема да те сака онака како што те сака таа. Таа ќе ти се предаде во целост. Ќе те сака со цела жестина на овој свет. Безусловно ќе ти ја подари твојата љубов. Таа не се грижи за твоето минато. Само за она што заеднички ќе го создавате во иднина.

Затоа сакај ја. Чувај ја. Не ја напуштај. Љуби ја затоа што таа никогаш нема да престане да те љуби. Дури и кога си најтврдоглавиот маж на планетава. Дури и кога ја повредуваш. Таа ќе те сака засекогаш ако само и го дозволиш тоа.