Чувај го мирот во себе – не ги задржувај оние кои не сакаат да останат

Сите ние сме родени слободни. Родени сме да ги почитуваме сите облици на животот. Затоа не дозволувајте до вас да допре секој човек, особено не со својата злоба. Не дозволувајте секој да ви се качува на глава. И не заборавајте дека човекот кој ве сака нема да бара начин како да ве повреди, туку начин како да ве направи среќни, како да ве насмее.

Споделете ја радоста околу себеси. Сите сме различни и во тоа е убавината на овој свет. Хармонијата мора да постои, но ние луѓето ги расипуваме работите. Хармонијата мора да постои и во нас и околу нас, наспроти сите таги, наспроти сето она што се случува. Зборовите и делата се одраз на она што човекот го носи во себе. Што и да носите во срцето, добро или лошо, излегува од вас и не е тешко да се почувствува. Многумина не се вредни за нашите солзи и време, а сепак им ги даваме. Се даваме себеси, даваме нови шанси. Веруваме дека добри работи не се добиваат ако не се бориме. 

Веруваме. Најчесто веруваме на погрешни луѓе... Луѓе кои лутаат изгубени без смисла и цел, не сфаќајќи што е смислата на животот. Бараат нешто, а сето тоа е во нив и околу нив. Сиромашни луѓе. Сиромашни во духот и празни, сиромашни во духовна смисла затоа што ништо не разбрале. Луѓето кои работата и живеат за темната страна на животот. Тоа е погрешно. А ние веруваме. 

Многу луѓе се гласни, ветуваат брда и долини, креваат бука и одеднаш исчезнуваат, а зад нив останува само чад. Не ги задржувајте оние кои сакаат да си заминат. Не ги задржувајте оние кои ве повредуваат и кои ве прават несреќни. Не задржувајте ги оние поради кои некои други не можат да дојдат до вас. Погледнете се во огледало. Погледнете се себеси без каење и чувство на вина. Погледнете се себеси и сфатете дека има време за нештата кои сакате да ги направите. И во животот има време и за садење, но и за жнеење. Сè се случува со причина. И секогаш постои излез и решение. Дури и од најтешките ситуации. Сите имаме свој пат. Само треба да се негува тој пат, да се најде вистинската мера и граница. 

Не се чувствувајте бескорисно, немојте да мислите дека вие немате што да му дадете на овој свет. Верувајте во себе, својот труд, своите зборови и дела. Она што можете да го дадете на овој свет можеби вам ви делува бескорисно, но за некого е подарок кој го чекал долго. Прегрнете го светот околу себе. Прегрнете се себеси. 

Бидете благодарни и за своите слабости и за своите мани. И за својата храброст и своите доблести. Учете и растете – тоа е најважно.

Чувајте го мирот во себе. Најважно е како вие се гледате себеси. Сите сме родени слободни.