Чунга Лунга, Снежец, Три срца...Слатките од моето детство

Имав 7 години и вкупно 10 денари в џебот, дадени од баба за да си купам мастики и едно чоколадце. Заедно со другарчињата одевме до најблиската маалска продавничка и се редевме на каса и ги подававме парите за да набрзина излеземе и да ги отвориме слатките работи кои ни беа омилени.

Тогаш јадевме без грижа не знаевме за неорганско, а и никој не беше слушнал за глутенот. Никој не се заморуваше околу тоа дали слатките кои ги јадеме имаат премногу прехранбени бои.

Од оваа перспектива не знам колку е тоа паметно или не чини, но во секој случај, сите сме живи и здрави.