Чулев: Спасовски треба да одговори дали има тонски записи од ПИ мерките за „Рекет“

Тројца службеници од МВР по налог на Обвинителството ги спровеле посебните истражни мерки за случајот „Рекет“, потврди техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

На прашањето дали во Министерството има тонски записи од посебните истражни мерки Чулев вели дека одговор треба да даде поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Ги проверив информациите во однос на наведените три лица коишто беа објавени во јавноста. МВР по налог на Обвинителство ги реализирано ПИ-мерките и тоа – следење на комуникации и физичко следење на јавен простор со примена на технички мерки. Сите материјали од ПИ мерките се предадени на тогашниот министер Оливер Спасовски, а тој ги предал на Основното јавно обвинителство, преку ОЈО до судијата на претходна постапка. Согласно внатрешните процедури и законот МВР не е овластено и не смее да чува копија од доказниот материјал од ПИ-мерките. Целокупниот метријал е доставен до ОЈО и моментално во МВР не се чуваат копии. Ве упатувам во однос на прашањето дали постојат тонски записи од примената на ПИ мерките да го прашате претходниот министер Оливер Спасовски или Основното јавно обвинителство“, рече министерот Чулев.

ВМРО – ДПМНЕ побара внатрешна ревизија за службениците од МВР кои ги спровеле ПИ-мерките за „Рекет“ за да се утврди дали постојат тонски записи