Чулев: Спасовски последниот месец делел решенија за унапредување и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за неисплатени прекувремени часови, незаконски прераспределувања, извести денес техниотчкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

За да ја надмине праксата вработените да го тужат МВР, министерот Чулев вели дека формирал комисија која ги разгледала издадените решенија од почетокот на декември навака и најави дека на оштетени ќе им бидат дадени решенија за вработување на соодветни места.

„Еден месец пред заминување Оливер Спасовски издал оргомен број решенија за унапредувања, но и за распределувања на пониски работни места без да се водат дисциплински постапки за тоа. Од почетокот на декември 2019 година до 25 месецот биле издадени 21.050 решенија. За само седум работни дена се издадени 1.198 решенија. Се делеле решенија и во дванаесет навечер на трети јануари. Само за спордба, во декемери претходната година биле поделени само 194 решенија. Комисијата во која членуваат и преставници од репрезентативниот и од независниот полициски синдикат ги разгледа решенијата што биле поделени од 1 декмеври до 1 јануари. Разгледани се вкупно 1.750 решенија издадени во овој период. Незаконски издадени се 100 од нив. Голем број решенија биле издадени додека работниците биле на боледување, на платен или на неплатен одмор“, рече министерот Чулев.

Како втор спорен момент, откако ја презел функцијата, министерот Чулев го навде незаконското користење на наредбите за времено извршување на работни задачи кои место само за еден месец се издавале и по повеќе од една година.

„Додака едните работат со наредба на други работни места, нивните испразенти места биле пополнети со нови луѓе па така на едно работно место се појавуваат по двајца. Вработените за ова се пожалеле и кај Народниот правобранител кој ни укажа дека се утврдени злоупотреби“, рече министерот Чулев.

Третиот спорен момент е со неиздавање нови решенија на врботените во поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.

По формирањето на Агенцјата за национална безбедност, дел од вработените кои не биле преземени таму, не биле ниту прераспределени на нови работни места во министерството туку пет месеци земале плата како да се уште вработени во УБК.

„Пет месеци примале плата како вработени во непостоечки субјект. Јас таква плата не потпишувам. Изготвени се решенија за нивно распределување во МВР“, рече министерот Чулев.

Тој нагласи дека со издадените решенија илјадници професионалци биле деградирани и најави дека откако ја презел функцијата ќе гарантира ист третман за сите, без притисоци оти единстевни што требале да чувствуваат притисоци според него се оние кои го кршат законот.