Чулев на фејсбук ја потврди акцијата на МВР во Крушопек

Ја информирам јавноста дека Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности. По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога, оваа информација пред малку на фејсбук ја објави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. 

Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата, напиша Чулев во својата објава. 

Претходно, ТВ21 објави дека во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај, каде запленети се 1,3 тони кокаин. Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.