Чукни во дрво, чукни три пати : Од каде потекнува овој обичај?

Чукнувањето во дрво е еден од најчестите суеверни ритуали против малери.

Сите тоа го прават или понекогаш го прават. Кога за нешто велиме дека е жива среќа што е такво какво што е, но се плашиме дека тоа ќе ни се удри од глава и ќе се промени, ние чукнуваме во дрво за да не се урочиме. Ова е едно од најраширените суеверија кое се протега низ повеќето култури ширум светот.

Не може со сигурност да се утврди од каде потекнува овој обичај, но постојат неколку теории за ова. Паганите порано верувале дека во дрвото живеат духови, а чукнувањето во дрво е добар начин да се привлече нивното внимание и помош. Исто така, обичај е да не се чука само еднаш – тоа би било непристојно. Секогаш се чука три пати: прво се чука за привлекување внимание, вториот пат за барање помош, а третото чукање е за заблагодарување.

Подоцна тој обичај бил прифатен и во поголемиот дел религии. За христијаните, чукањето во дрвен крст бил начин да се привлече вниманието на Бога. Во јудаизмот се работело за посебно чукање кое означувало тајна комуникација и ги чувало луѓето од инквизицијата. Самиот чин на чукнување три пати бил тајна лозинка која ја отворало вратата на синагогата за своите истомисленици, па така ова чукање било поврзано и со нешто поголемо од среќата – преживувањето.