Чудотворниот камен во Скопска Црна Гора кој исполнува желби

Тргнете накај падините на Скопска Црна Гора, каде меѓу старите селски камени куќи и недопрената природа стои манастирот Свети Никита, каде чудата се случуваат, болни оздравуваат.На надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер, таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ.

Овој е еден од најстарите манастири на македонска територија. Се верува дека црквата датира од 11 век, но подоцна, како и повеќето цркви и манастири бил разурнат.

Царот Милутин  дошол во Скопје, поточно во овие села, народот многу му раскажувал за Свети Никита и неговите моќи да им помага на сите кои ќе му се обратат, па решил да за го обнови манастирот коj бил уништен. На сон, Бог му се јавил на цар Милутин и му кажал каде се моштите од Свети Никита и му рекол да ги закопа во црквата, оти тие се уште се моќни и помагаат. Царот го сторил тоа, и ден денес, оној кој ќе застане на светиот камен, под кој почиваат моштите од великомаченикот, ќе му се отстрани болката, ќе му се најде решение за маката.

Народот многу раскажува за Свети Никита, бил голем човек, богат кнез, кој откако на сон му се јавил Господ, тој остава се, го раздава имот и почнува да го шири христијанството.

Никита е роден како Гот во четврти век, бил кнез и војсководец, почитуван меѓу народот. Една ноќ на сон му се јавил Господ и му рекол ако ја прими христијанската вера и почне да ги проповеда зборовите од библијата, ќе му даде моќи какви што никој досега немал. Господ му рекол дека тој е избран иако тогаш не бил христијанин. Никита ќе ги послуша неговите зборови, ќе ја остави војската, а се што поседува им раздава на сиромашните, и пари и имот и богатство. Тогаш Господ му дарува две моќи, моќ да ги реши проблемите на народот и моќ да ја излечи болката. Така, тој почнува да шета меѓу народот и да им помага. Но, на владетелот не му се допаднало делото на Никита, кој ширел нова вера и му помагал на секој човек. Тој наредил да се фати Никита и да се мачи се додека не се откаже од новата вера. Но, Никита не се откажувал од христијанството, а владетелот се повеќе го мачел и на крај го фрлил во оган. Но, неговото тело било неповредено.

Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.

За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата “оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.