Чудотворниот камен во Скопска Црна Гора кој исполнува желби

Kаменот во манастирот Свети Никита

Малиот, стар манастир, посветен на великомаченикот Свети Никита, сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, на надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер. Таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ.

Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.

За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата “оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.