Чудотворна моќ на гоџи бобинките

Гоџи бобинките се одлични за нашето здравје. Тие се овошје кое се користи повеќе од 5000 години. 

Меѓу народот се нарекуваат и волчји бобинки. Плодот им е со црвено-портокалова боја, а потекнуваат од централана Кина.

Овие здрави бобинки можат да се користат кај кашлица, астма, туберколоза, крварења, промени во видот, дијабетес и тн. Можеме да кажеме дека тие делуваат антивоспалително и антиоксидативно на нашето тело. Поради својот богат состав, се смета дека тие се најдобра храна за ревитализација на организмот.

Гоџи бобинките често се нарекуваат и среќни бобинки бидејќи со нивна подолга конзумација, се чувствуваме подобро, тие ја подигнуваат нашата енергија и издржливост. Освен тоа, го јакнат нашиот имунолошки состав, ги чуваат бубрезите и црниот дроб и ја подобруваат циркулацијата.