
Вчера во 12:30 часот на улицата „Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Л.(34) од Прилеп.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед, управуван од М.Л., при што било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,80 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.