Чудни знаци кои покажуваат дека недоволно спиеме

Ако се успее да се заспие во рок од пет минути веднаш по легнувањето во кревет, тоа е јасен знак дека е потребно повеќе сон. Кога недостасува сон, луѓето често посегнуваат по храна и тоа за жал онаа нездравата.

Еве неколку јасни знаци дека ви е потребно повеќе сон:

1. Веднаш се заспива

Ако успееме да заспиеме во рок од пет минути веднаш по легнувањето во кревет, тоа е јасен знак дека е потребно повеќе сон.

2. Забораваш работи

Без одмор, потешко се памти:„Кога сме ненаспани, потешко ги ставаме емоционалните спомени во контекст и на тој начин потешко е да се делува рационално и промислено, откри „Хафингтон Пост.

3. Повеќе сте гладни од вообичаеното

Кога недостасува сон, луѓето често посегнуваат по храна и тоа за жал онаа нездрава, која подразбира чипс, чоколади, сладолед и слично. Но, зошто е тоа така? Недостигот на сонот влијае на два хормони во нашето тело: лептин и грелин. Лептин е хормон кој му кажува на телото да престане да јаде и кој ни дава чувство на ситост. Грелин по делување е спротивност од лептинот и тој ни дава сигнал на глад. Кога сме ненаспани, рамнотежата меѓу нив се нарушува. Со други зборови, размерот на грелин се зголемува, а на лептинот се намалува.

4. Неспретност

Постојат луѓе кои по природа се неспретни, но проблемите со спиењето навистина можат да доведат до проблеми со моторичкатата способност, како што се нестабилност на нозете и препнување.

5. Темни простории

Доколку се има потреба за спиње секогаш кога се влегува во замрачена просторија, посебно во текот на денот, тоа се сфаќа како повик за будење. Ако доволно се спие, со тоа нема да се има проблеми.