Чудна појава во Словенија: За пари примаат повеќе дози вакцини

Словенија се соочува со проблеми со луѓе кои се спремни за одредена сума пари да се вакцинираат и по неколкупати. 

Според словенечките медиуми, се работи за луѓе со послаба финансиска состојба, кои за пари се подготвени да примат и по неколку дози, без оглед на последиците. Наводно, побогати „антиваксери“ им плаќаат на посиромашни граѓани да примат вакцина наместо нив.

На тамошните инфективни клиники кружи приказна за зависник од Љубљана, кој наводно досега бил вакциниран 23 пати.

Овој проблем го отвора прашањето за проверување на идентитетот и водењето евиденција на вакцинирани лица во земјата.