Човекот заборава, но телото памти

Умирањето не е секогаш поврзано со смртта.

Умираат сите работи кои сме ги пропуштиле, сите луѓе кои сме напуштиле и сите луѓе кои од какви и да било причини трајно нѐ напуштиле.

Понекогаш умираат нашите најголеми љубови, пријателства, довербата која сме ја имале во луѓето.

Предавството и разочарувањата често доаѓаат како смрт, одеднаш и без предупредување.

И тогаш имаме чувство дека ќе умреме, но потоа преживуваме и со рани на душата продолжуваме понатаму.

Но, еден дел од нас, еден дел од нашата душа засекогаш умира по едно такво лошо искуство.

Психологијата тврди дека човекот е програмиран да ги заборава негативните искуство, односно дека најмногу се сеќава на позитивните. Можеби човекот заборава, но телото памти.

Има една многу добра мудрост на Сенека: „Живееме во голема заблуда гледајќи ја смртта како нешто што треба да се случи во иднината. Вистината е дека сѐ што останало зад нас во животот одамна ѝ припаѓа на смртта.“