Човекот што сака веднаш се посветува на љубовта, сè друго е замајување

Ова е нешто на што често забораваме: оној кој сака се посветува веднаш и без задржување. 

Тој не игра игри, не си вели дека би можело да биде вака или онака, туку се носи од моментот на заљубеност.

Личноста која сака да биде со вас нема да ве стави на пауза, нема да се однесува кон вас како да сте опција, нема да игра топло-ладно и да измислува причини зошто не може да биде со вас.

Сè друго е само губење време. 

Проблемот е дека повеќето луѓе не ја препознаваат лошата врска додека се во неа, туку само откако таа ќе заврши и ќе остави траума во нивниот живот. Често додека сме во врска, ги гледаме работите низ розови очила и мислиме дека сè е прекрасно, но постојат многу мали знаци кои ни ја покажуваат вистината.

Луѓето кои сакаат да бидат со вас, да бидат дел од вашиот живот прават напор за тоа. Тие не се однесуваат како постојано да се зафатени, тие не чекаат постојано вие да се јавите први и не се однесуваат чудно кога ќе им покажете наклонетост. Едноставно сакаат да се со вас и до вас и тоа за нив е доволно.

Точно е дека живееме во модерно време каде многу работи се поинакви од порано, но кога некого сакаме, работите не би требало да се толку комплицирани. 

Некогаш не е вистинското место, некогаш не е вистинското време, а многу почесто не е вистинската личност. Но, тоа не значи дека треба да се менуваме за другите и да бидеме единствените кои ќе се борат за љубовта која постои само од нашата страна. 

Затоа, не ги трошете своите најубави работи на нешто што би можело да биде бидејќи ако постојат љубовта и привлечноста, работите би биле едноставни. Нема голема филозофија во тоа. 

Пуштете ги луѓето во вашиот живот, но не им дозволувајте предолго да останат особено ако не го заслужуваат тоа.