Човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре.

Затоа сега размисли за кавгата која планираш да ја започнеш само затоа што некој накриво те погледал, рекол нешто лошо или случајно те повредил. Дали е најважно во секоја ситуација да покажеш дека си надмоќен, дури и по цена да го понижиш другиот?

Дали навистина сакате да се поставувате во улога на судија кон друга личност, а истовремено да знаете дека и вие сте згрешиле некому?

Човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре. Затоа размислете дали сакате засекогаш да прекинете односи со некоја личност само затоа што го повредиле вашето его. Дали навистина сакате да бидете победник во секоја битка без оглед на цената која треба да ја платите? Дали е навистина најважно кој ќе биде попаметен, посилен, подобар, попривлечен, побогат?

Човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре. Тогаш не му требаат убави зборови, тие му се потребни додека е жив. Не треба тогаш да се зборува за неговите идеали и соништа, туку потребно му е да не му ги гушите додека е жив. Не му се потребни цвеќиња и воспевања кога ќе умре, нему сега му е потребен поглед, допир, прегратка. Сѐ што не сте дале тогаш, не треба ни подоцна да го давате, тоа е глума или каење, што на одредено ниво е иста работа.

Човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре. Побарајте ја веднаш таа личност, развеселете ја со своето присуство. Не го чекате моментот кога сѐ би било залудно.

Ако тие направиле нешто лошо, запишете го тоа во песок, а не на камен, затоа што по последната свирка, натпреварот не се игра повеќе. По последниот здив, залудна е сета ваша љубов која не сте ја дале, а сакате да ја дадете. Затоа никогаш не заборавајте дека човекот се сака додека е жив, а не кога ќе умре.