Статус на денот!
-Човекот од Охрид, кој треба да плати 200.000 денари казна зашто паднал во отворена шахта (така решил судот) - е, тој човек сме сите ние.
И жената што ја уапсија зашто продава цвеќиња пред маркет.
И текстилните работнички, кои наместо да си ги добијат минималните плати, заслужени со крв и пот, ТИЕ треба да платат 26.000 ЕВРА (така решил судот).
И луѓето што живи изгореа во монтажна болница.
И дечкото што умре чекајќи трикафта.
И родилката од Струга со извадени органи.
Ете, во ваков кошмар животариме.
Ајде сега да прославиме едно јајце за 9,5 денари и макароните поевтини за 4 денари на ударни вести.
И тунелот за затворениците од Идризово, копан неколку месеци (!!!).
ЕУ нè чека, уште само уставот...